ФОТО: Телата на патниците од малезискиот авион на земјата паѓале голи

 

Научниците тврдат дека постои научно и логично објаснување зошто телата на патниците од малезискиот авион на земјата паѓале голи.

Според експертот за авионски несреќи Алан Диехл такви појави се случуваат кога патникот е исфрлен од авионот или кога при падот е изложен на вртлозите на ветерот  при падот кој се одвива со голема брзина. Во такви случаи ветерот ја „симнува“ облеката од жртвата во авионската несреќа.

Што се случува со патникот при ваква несреќа зависи од позицијата во авионот во која се наоѓал во моментот на експлозијата. Телата на патниците  кои ќе излетаат од отворот на авионот најчесто ќе бидат „соблечени“.

Диехл објаснува дека авионот на Малезија Ерлајнс веројатно имал брза декомпресија при која луѓето на такви висини се онесвестуваат.

Тој претпоставува дека повеќето патници кои загинале при падот не биле во свесна состојба, пренесува Јутарњи лист.

20.07.2014 - 15:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега