Грција денеска без весници

Поради 24- часовен штрајк во Грција на вработените во агенциите за дистрибуција „Аргос“ и „Европи“, денеска нема да можат да се купат весници.

Синдикатот на вработените во Атинската агенција за весници одржува 24-часовен предупредувачки штрајк, од 18 часот вчера, до 18 часот денеска, со барање за потпишување нов колективен договор за работни односи. 

16.07.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега