ВИДЕО: Се појавила снимка од погребот на водачот на навивачите на Црвена Ѕвезда!

На Јутјуб се појавила снимка од погребот на Велибор Дуњиќ, водач на навивачката група на Црвена Ѕвезда "Делии", кој бил убиен во вооружена пресметка на 16-ти мај оваа година.

Како што пренесува Ало.рс,непознатиот напаѓач пукал кон Дуњиќ пред еден белградски сплав и со три куршуми го усмртил. Притоа тешко ранета била и неговата девојка, Нина Шобота, која била со него во автомобилот.

На новинарите, ниту на репортерите, не им бил дозволен пристап на погребот на Дуњиќ.

Меѓутоа, на споменатата снимка се појавуваат голем број од водачите на навивачката група "Делии Север", функционери во клубот како Драган Џаиќ и Марко Николовски, како и првотимците на Ѕвезда - Ненад Милијаш, Бобан Бајковиќ и Дарко Лазовиќ.

На погребот присуствувал и поранешниот лидер на групата "Гробари" Милош Радосављевиќ Кими, како и претставници на речиси сите поголеми навивачки групи.

Прошталниот говор го одржал Владан Шавија, а Дуниќ бил погребан со песната "Добро знај".

Велибор Дуниќ бил познат по бројните тешки кривични дела. Бил осуден на две години затвор во декември минатата година поради напад на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

Претходно бил осуден на 4 години затвор за обид за убиство на сплавот "Калипсо", а по амнестијата бил ослободен во ноември 2012-тата година.

Извор: Ало.рс

10.07.2014 - 20:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега