Загубил контрола, паднал и починал - крвав викенд во Македонија

Крвав викенд во Македонија. Во две одделни сообраќајни незгоди згаснаа два животи.

Во привиот случај, во 10 часот и 30 минути на стариот пат Прилеп-Дервен-Велес, во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна незгода во која 61-годишниот Рафет Р. од Прилеп, управувајќи моторцикл „Јава“ без регистарска табличка, изгубил контрола и паднал од истиот, по што починал на лице место. 

Во вториот случај, околу 19 часот и  51 минута, на крстосницата од улиците „Александар Македонски“, улицата„16-та Македонска Бригада“ и улицата „Интернационални бригади“ во Скопје, се случила страотна сообраќајна незгода во која 31-годишниот М.П. од Арачиново управувајќи со Голф“ со скопски регистерски ознаки, удрил во пешакот Јовица П. од Петровец кој починал во болница.

 

05.07.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега