Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола
    • Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија
    • Утре без струја дел од Скопје
    • Македонија меѓу земјите кои не се членки на ЕУ, а се приклучија на санкциите против Белорусија
    • „Нова територија на САД“ – Вака Трамп ја нарече Ормуската Теснина
    • Ѓорѓиевски: Заедно кога е најпотребно – исплатена финансиска поддршка за онколошките пациенти
    • Лице кое имало здравствени проблеми со нож ја нападна својата мајка
    • Силен земјотрес ја потресе Шпанија – има повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски: Со референдум ќе го вратиме старото име на градот – Скупи

    Николовски: Со референдум ќе го вратиме старото име на градот – Скупи

    03.10.2025 во 11:082 Mins Read
    ФОТО: Принтскин/Вечер
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот службеник Драган Николовски првпат се јавува во улога на кандидат за градоначалник, во име на група избирачи. Во интервју за „Вечер“ тој за себе наведува дека има тридецениско искуство во спроведувањето информатичко-технолошки проекти, дека работел и во филмската и во телевизиската продукција и дека им помага на сите што му побарале помош, колку што може.

    Николовски има необичен предлог – тој вели дека ќе се залага за организирање референдум на кој жителите на главниот град би одлучувале за враќање на, како што вели, старото име на градот – Скупи.

    „Сите почнати, но недовршени капитални инвестиции, и од проектот визија СК14 и од претходно (панорамско тркало, лунапарк, транспортен центар и др.), соодветно ќе се завршат. Жителите ќе бидат прашани дали да го врати градот старото име Скупи/Skupi“, вели Николовски.

    Во врска со мерките што може да ги преземе како градоначалник за задржување на младите луѓе во Скопје, Николовски исто така има интересна идеја. Вели дека ќе поддржи формирање на пет нови „градски дискотеки“ и осум кабареа под капата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

    „Еден (концепт, н.з.) е рестартирање на комплексот „Езеро Треска“ со темелна реконструкција, рестартирање на Аквапаркот, формирање повеќе патеки за мотоспортски активности, основање пет градски дискотеки и осум кабаре-клуба под капата на МКЦ, изработени по сите потребни безбедносни и соодветни стандарди. Киното „Култура“ ќе биде ново градско кино. Отворени кина, градски плажи на реката Вардар. Укинување на задолжителното средно образование и укинување на државното финансирање на високото образование по сите основи, истовремено поттикнување на приватното финансирање на образованието на сите нивоа“, вели Николовски во интервјуто за „Вечер“.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите

    18.08.2026 во 16:13

    Филипче: Горди сме на македонската Армија

    18.08.2026 во 15:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.