Николовски: Нема поевтино од тоа - спиев во бутик хотел за 225 евра ноќ

 

Кампањата на лаги која ВМРО-ДПМНЕ ја води против мене веќе станува смешна, но еве уште еднаш ќе мора да ја демантирам со докази и факти, вели поранешниот министер за земјоделство, водостопанство и шумартство ЉупчоНиколовски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни злоупотреби на буџетски пари.

Хотелот од наводни 500 евра за ноќ кој сум го плаќал, е бутик хотел од 3 ѕвезди. Покрај тоа што е најевтин можен достоен смештај во Њу Јорк, лага е дека трошокот бил за мене. Имено, станува збор за две ноќевања за две лица и цена од 225 евра по ноќевање.

Јас имав цел и станавме 13 земја по извоз на вино во светот и за прв пат во историјата во 2023 година, Македонија и нашите винарии се претставија на престижниот саем Белавита во САД каде имавме национален штанд, што значи отварање на пазари, склучени договори и е огромен успех и причина за гордост.

А вие слободно продолжете да лажете, вашата срамна кампања е се што може да им понудите на граѓаните. Вашата неспособност и деструктивност брзо ќе излезе на виделина. Нема да може вечно со лаги да го покривате незанењето и безидејноста. Мојот образ и чест се чисти и министерството под мое раководство беше рангирано како најодговорна и најтранспаретна институција во државата, реагира екс министерот за земјоделство, шумарство и водостопансво Љупчо Николовски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

 
23.09.2024 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега