Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тепачка во Куманово – дедо заврши во болница
    • Продолжениот викенд направи гужва на ГП Богородица
    • Привремено се затвораат четири подрачни училишта во Делчево поради недостиг на ученици
    • Ужасен напад на Закинтос: Двајца балкански мажи осомничени за силување туристка
    • Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство
    • Стефковски: По 60 години реконструирана е улицата „Жан Жорес“ во Маџари
    • Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители
    • Трагедијата што го промени Ратко Младиќ засекогаш, но и ден денес е мистерија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Во Маџир Маало се живее во многу лоши услови

    Николоски: Во Маџир Маало се живее во многу лоши услови

    28.10.2025 во 12:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Во Маџир Маало луѓето живеат во супстандардни услови и тоа во срцето на Скопје, како резултат на урбанистичкиот хаос и создавањето на урбанизам исклучиво за интерес на поединци блиски до сегашното раководство на Општината“, истакна денеска потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, кој заедно со кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ се сретнаа со жителите на Маџир Маало.

    „Поединци кои се блиски на сегашното раководство на општина Центар, не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис, затоа луѓето тука живеат во една ситуација која не личи на 21 век, со уништени улици, без соодветен водовод и канализација, со нерешени имотни прашања и во едни супстандардни услови. Тоа е така затоа што општината воопшто не им дава да се развиваат. Затоа се потребни промени. Јас за општина Центар и за општина Карпош зборувам откако сум избран за министер, предложив на двајцата градоначалници да донесеме специјални закони, со кои би ги развиле општините и во исто време би го заштитиле урбаното живеење, но и двајцата не се согласија и сега ги гледаме причините зошто“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски.

    „Заедно со Лабудовиќ, како иден градоначалник на општина Центар, ќе работиме да ги решиме овие проблеми и луѓето од Маџир Маало да добијат пристојни услови за живот“, додаде Николоски.

    Прочитај повеќе

    Лефков: Поранешен пратеник на СДСМ иницираше изградба на дата-центар во Пехчево

    27.08.2026 во 13:17

    Стојаноски: Школскиот прибор поевтинува за 10% на големо и 15% на мало, ќе важат јасно означени цени

    27.08.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.