Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: До крајот на 2029 година ќе возиме по новиот автопат Гостивар – Букојчани

    21.02.2026 во 13:48

    Мицкоски обвинува екс-функционери за шверцот на марихуана

    21.02.2026 во 13:43

    Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

    21.02.2026 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски: До крајот на 2029 година ќе возиме по новиот автопат Гостивар – Букојчани
    • Мицкоски обвинува екс-функционери за шверцот на марихуана
    • Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски
    • Мицкоски: Нема потреба од предвремени избори, граѓаните и меѓународната заедница бараат реформи
    • Пожар во кочански трговски центар
    • Мицкоски: Од нас зависи дали ќе тонеме во балканското мочуриште или ќе привлечеме милијарди преку енергетско обединување
    • Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
    • Семејна драма во живо: Вучиќ инсистираше на детали, жена низ солзи му призна на детето дека му е тетка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: До крајот на 2029 година ќе возиме по новиот автопат Гостивар – Букојчани

    Николоски: До крајот на 2029 година ќе возиме по новиот автопат Гостивар – Букојчани

    21.02.2026 во 13:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владиниот врв и претставници на меѓународната заедница денеска извршија увид во градежните работи на клучната секција 2 од западниот дел на Коридорот 8 – автопатот од Гостивар до Букојчани.

    Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој на терен беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски и времениот вршител на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, изрази задоволство од прогресот. Тој вети дека граѓаните ќе возат по новиот автопат до крајот на 2029 година, без отстапки од рокот.

    „Работиме доста интензивно на оваа секција. Таа од едната страна треба да се поврзе со автопатот Гостивар-Тетово, а од другата со идната траса Букојчани-Кичево, која пак води кон Охрид и Струга. Ова е целиот автопат на западното крило на Коридорот 8, проект кој ќе донесе голем економски бенефит, повеќе бизнис и многу повеќе туристи“, истакна Николоски.

    Тој информираше дека државните обврски се речиси завршени. Експропријацијата на земјиштето е готова 90 отсто, а досега се исплатени околу 470 милиони евра. „Останува компаниите да си ја завршат работата“, порача министерот, кој се обрати од мост висок 40 метри, нагласувајќи ја големината на градежниот потфат во кој се вклучени и македонските градежни и архитектонски факултети.

    Популарно

    Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

    21.02.2026 во 11:06

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49

    Се излеа Сива Река, одрони на патиштата – ЦУК информира за состојбата во Македонија

    20.02.2026 во 11:44

    ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвото на судијата Катевеновски докажува како СДСМ и ДУИ монтирале политички случаи

    21.02.2026 во 10:48

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.