Никој не се исплаши од заканите на Ахмети дека ќе ги бојкотира локалните извори

 

Политичките партии од македонскиот политички блок не придаваат големо значање на заканите на лидерот на ДУИ дека ако Уставниот суд го допре Законот за јазиците, неговата партија нема да дозволи да се одржат локални избори. Од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ вчера му порачаа на Ахмети да сфати дека веќе 8 месеци е во опозиција и дека до политички поени треба да доаѓа со предлагање на мерки за подобар живот. И од двете партии му порачаа на Ахмети дека веќе не е во позиција да поставува услови.
Од коалицијата Вреди го обвинија ДУИ дека се обидува како што велат, лошите состојби во партијата да ги скрие зад бојкот на изборите.
Уставниот суд веќе најави дека постапката за оценка на уставноста на одредени членови од Законот за јазици ќе ја почне со подготвителна седница која е закажана за 20 март и која според најавите ќе се емитува во живо. Конечната одлука за Законот за јазиците се очекува на крајот од мај или на почетокот на јуни, неколку месеци пред стартот на кампањата за локалните избори, кои треба да се одржат во октомври оваа година 

04.03.2025 - 10:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега