Вчера во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом.
Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката. По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија
- Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
- Сестрата на Горан кој трагично загина со потресна порака: „Се мириса на тебе, си замина и дел од мене”
- Ладно утро во Македонија, температурите наутро драстично се сменија за неколку дена – Ова е состојбата
- Стопанската комора ги поврзува бизнисот, институциите и регионот преку низа економски настани
- Собраниска комисија денеска ќе избира состав за селекција на кандидат за Судскиот совет
- Регионалните предизвици на маса: Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан
- „Безбеден град“ дава резултати: Драстичен пад на жртвите во сообраќајот

