Close Menu
    Најново

    Напад со нож за време на протест во Антверпен: Шест повредени, двајца во критична состојба

    22.01.2026 во 21:52

    Без гласови против: Албанија официјално влезе во Одборот за мир

    22.01.2026 во 21:28

    Агелер пред заминувањето од Македонија: Верувам во вашата храброст, јас ќе навивам за вас на секој чекор

    22.01.2026 во 21:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Напад со нож за време на протест во Антверпен: Шест повредени, двајца во критична состојба
    • Без гласови против: Албанија официјално влезе во Одборот за мир
    • Агелер пред заминувањето од Македонија: Верувам во вашата храброст, јас ќе навивам за вас на секој чекор
    • Најмалку 67 жртви во катастрофалниот пожар во трговски центар во Карачи
    • Возете внимателно на снегот: Сите државни патишта се проодни
    • Маск предупредува: Вештачката интелигенција може да го надмине човештвото до 2031 година
    • Мицкоски од Давос, лобира за стратешки енергетски проекти: „Бошков мост“, „Чебрен и Галиште“
    • ФОТО: Ова е логото на Одборот за мир на Трамп
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Напад со нож за време на протест во Антверпен: Шест повредени, двајца во критична состојба

    Напад со нож за време на протест во Антверпен: Шест повредени, двајца во критична состојба

    22.01.2026 во 21:52
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Шест лица се повредени вечерва во напад со нож на плоштадот пред Операта во белгискиот град Антверпен, каде во тој момент се одржувал протест, соопштија локалните власти.

    „Сите имаат убодни рани, а две од жртвите се во критична состојба“, изјави портпаролот на локалната полиција, Ваутер Браунс.

    Тој информираше дека полицијата привела две лица осомничени за поврзаност со нападот.

    „Полицијата успеа да уапси двајца осомничени кои, според првичните наоди, се измешале со демонстрантите“, рече Браунс.

    Четворица од повредените се пронајдени на плоштадот пред Операта, додека другите две лица биле повредени во две околни улици.

    Според белгиските медиуми, на местото на настанот интервенирале неколку медицински екипи, кои им укажале прва помош на повредените и ги пренеле во болница.

    Полицијата засега не соопштува детали за околностите и мотивите за нападот.

    „На местото на настанот се спроведува темелна истрага, вклучително и форензичка анализа“, додаде Браунс.

    Популарно

    Падна полицајка од Штип: Го информирала брат и дека полицијата ќе демне со дронови

    22.01.2026 во 12:37

    Карлеуша го пријави Душко во полиција: Додека таа е во Дубаи и ги сменил бравите од станот

    21.01.2026 во 22:59

    Страшна сообраќајка во Кочани: Повредени пет малолетници

    22.01.2026 во 13:22

    Администрацијата на Трамп почна операција против имиграцијата во Мејн

    21.01.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.