Најголем дел од парите за справување со пандемијата Владата ги дала за плати

Најголем дел, или 42 отсто од парите кои Владата ги дала за помош и поддршка поради пандемијата од Ковид-19 се за плати, покажува извештајот на Државната ревизија за успешноста на шесте пакет економски мерки на Владата.

20 проценти од парите биле искористени за директна поддршка на македонското стопанство, 17 отсто за поддршка на здравствениот и социјалниот сектор, 14 проценти за разни категории на граѓани и професии, а 4 отсто биле наменети за јавните претпријатија, општините и акционерските друштва во државна сопственост.

Сепак, Ревизија конститариа дека во однос на реализирањето, мониторингот и оценката на ефикасноста постои отсуство на интегриран систем на евиденција за реализација на дадената поддршка. Од вкупно планирани 576 милиони евра, реализирани се 427 милиони евра.

29.04.2022 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега