Тинејџер од Штип со автомобил излетал од патот, удрил во заштитна ограда, па во паркирано возило, тешко повреден сопатникот

Денеска во 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Лески“ во Штип патничко возило „цитроен ц3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(18) од Штип, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда, па во паркирано патничко возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.Д.(18) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

03.07.2024 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега