Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Македонскиот пејач скршен по загубата на својот татко – „Непребол”

    18.03.2026 во 10:42

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Зеленски: Блискиот Исток ја ослабнува Украина, Путин профитира

    18.03.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Македонскиот пејач скршен по загубата на својот татко – „Непребол”
    • Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани
    • Зеленски: Блискиот Исток ја ослабнува Украина, Путин профитира
    • Влегол во црква за да краде – Македонската полиција го фати на дело
    • Димитровски на форум во Трст – Инвестициите во енергетскиот сектор во фокусот
    • Германците го решаваат проблемот со високите цени на бензинските пумпи: Еве како
    • АХВ ги тресе домовите за стари лица: Уништена небезбедна храна, казни и забрани за работа
    • Над Америка експлодира огромен метеор од 7 тони
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 125 илјади инспекциски контроли, казни од 618 илјади евра – АХВ со статистика за сработеното лани

    Над 125 илјади инспекциски контроли, казни од 618 илјади евра – АХВ со статистика за сработеното лани

    25.01.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните,
    спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Покрај домашниот промет, предмет на
    контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и одржувањето на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса и НАССР системот за безбедност на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните.

    Фреквенцијата на официјалните контроли се вршеше согласно категоризацијата на објектите (операторите со храна) по ризик, при што категоризираните објекти со висок ризик беа почесто контролирани од оние кои се категоризирани како оператори со низок ризик.

    Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47 200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5 406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1 073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска
    противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.

    Во рамки на овие контроли, одземена и нештетено уништена беше небезбедна храна (месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци) во вкупна количина од 355 377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618 илјади евра во денарска противвредност.

    Дополнително, инспекциските служби на Агенцијата спроведоа 78 016 контроли на увозните пратки и пратките кои транзитираат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, добиточна храна и живи животни. Како небезнедни уништени беа 8 пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69 785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник.

    Како небезбедни во рамки на овие контроли уништени беа три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22 061 килограми. Во истиот временски период како небезбедни вратени беа 16 пратки со храна од животинско потекло.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29

    Судот во Велес ја запре кривичната постапка против Лазар Нанев

    18.03.2026 во 08:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.