Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе за гужви во Скопје: Утре доаѓа косовскиот премиер
    • МЗШВ: Исплатени 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи на кози
    • Агресивно се однесувала и ѝ се заканувала на 18-годишната ќерка: Полицијата приведе 53-годишна жена од липковско
    • Бугарската претседателка е заглавена во минатиот век – нема да навлегувам во дискусија
    • Судење за „Пулс“: Вештаците одговараа четири часа на прашања на одбраната, родителите реагираат на оддолжувањето на процесот
    • Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата
    • Поевтинува училишниот прибор
    • Серафимовски: Маката на земјоделецот треба соодветно да се вреднува и да се наплати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германците го решаваат проблемот со високите цени на бензинските пумпи: Еве како

    Германците го решаваат проблемот со високите цени на бензинските пумпи: Еве како

    18.03.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германија воведува строги мерки за контрола на цените на горивата, со што сака да го реши проблемот на неоправданите скокови на цени на бензинските пумпи. Новиот пакет мерки, кој министерката за економија Катерина Рајхе го најави, треба да стапи во сила до почетокот на април. Нацрт-законот моментов се договара во рамките на владата и треба да биде доставен до Бундестагот оваа недела, со очекување брза парламентарна процедура.

    Клучната иновација е ограничување на динамиката на зголемување на цените – операторите ќе можат да ја зголемуваат цената на горивото само еднаш дневно, напладне. Оваа мерка директно е насочена кон спречување на честите и ненадејни скокови на цени во текот на денот, кои возачите досега го чувствуваа скоро на секој час. Практиката стана особено видлива по избувнувањето на конфликтот во Иран, кога цените станаа исклучително нестабилни и често без јасна економска оправданост.

    Паралелно, германската власт значително го зајакнува надзорот на пазарот на горива. Канцеларијата за борба против картелите добива проширени овластувања за следење и реакција веќе во фазата на големопродажба. Ова овозможува регулаторот порано да открие сомнителни зголемувања на цините и, доколку ги смета за неоправдани, да преземе мерки. Истовремено, пумпите задржуваат целосна слобода при намалување на цините, што треба да поттикне конкуренција и поповолни понуди. Комбинацијата од ограничувања и посилен институционален надзор треба да придонесе за стабилизирање на пазарот, иако критичарите предупредуваат дека прекумерната регулација би можела негативно да влијае на бизнисот на дистрибутерите.

    Македонија исто така се соочува со нестабилност на цените на горивата, а овој германски пример покажува како развиена економија се обидува да ги заштити своите граѓани преку комбинирана политика на регулација и надзор.

    Прочитај повеќе

    МЗШВ: Исплатени 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи на кози

    25.08.2026 во 16:03

    Стартува аплицирањето за студентски оброк – студентите ќе добиваат по 140 денари дневно

    25.08.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.