На територијата на СВР Тетово за непрописно престигнување санкционирани 16 возачи

Полициски службеници од СВР Тетово денеска во периодот од 12:00 до 16:00 часот спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што се санкционирани 16 возачи, од кои осум на територија на Тетово и осум на територија на Гостивар, информира МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за ,како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

05.01.2022 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега