Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски заминува во Брисел – има набиена дводневна агенда

    Муцунски заминува во Брисел – има набиена дводневна агенда

    01.12.2025 во 17:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до среда престојува во работна посета на Брисел. Посетата вклучува средби посветени на евроинтегративниот процес на државата, како и учество на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

    Во рамки на посетата, министерот Муцунски, заедно со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе оствари средба со Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, г-ѓа Каја Калас. Средбата се одржува во контекст на континуираната посветеност на земјата кон европскиот интегративен процес и заедничката заложба за унапредување на партнерството со Унијата, особено во областите на безбедноста и одбраната.

    На покана на Генералниот секретар на НАТО, Руте, министерот Муцунски во среда ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи на 3 декември 2025 година во седиштето на Алијансата во Брисел.

    Министерскиот состанок ќе биде можност за размена на ставови за имплементацијата на одлуките од Самитот на НАТО во Хаг, со фокус на иднината на Алијансата, јакнењето на индивидуалните и колективните способности, како и обезбедувањето ефективна одбрана и безбедност. Очекувана тема ќе биде и продолжената поддршка за Украина, како и заедничките одговори на актуелните безбедносни предизвици, вклучително и дестабилизирачките активности на малигни актери и стратешки конкуренти кои се закана за постоечката безбедносна архитектура и меѓународниот поредок.

    За време на престојот во Брисел, предвидено е министерот Муцунски да оствари и низа билатерални средби.

    Прочитај повеќе

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.