Close Menu
Press24
    Најново

    Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско

    10.06.2026 во 15:47

    Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

    10.06.2026 во 15:44

    Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници

    10.06.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
    • Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
    • Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
    • Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
    • Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции

    Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции

    26.02.2026 во 19:273 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, да имаме активен дијалог, но во рамки на нашите принципиелни позиции. Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси, тоа не е фер кон оваа држава, тоа нашите граѓани и нашите институции не го заслужуваат и затоа, треба да се најде некое рационално решение кое нам како држава и на нашиот народ ќе ни даде предвидливост по европскиот пат кој без никаква дилема огромно мнозинство во земјава го посакува, рече вечерва министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

    Како што истакна Муцунски, во Бугарија течат изборните дејства поради што треба многу да се внимава. Тој веќе се слушнал со новата министерка за надворешни работи, која има технички мандат и очекува при прва можност да оствари средба со неа.

    -Нашата држава мора да продолжи во рамки на стратешката определба што постои. Ние сме земја членка на НАТО, земја што мора да ја оствари својата цел, а тоа е полноправно членство во Европската Унија и земја што има стратешко партнерство со САД. По однос на прашањето за Европската Унија, ние го немаме тој луксуз да кажеме – престануваме во било кој момент. Напротив, мораме прво фокусирано да работиме на домашната агенда, каде што морам да истакнам дека споредбено со најголем дел од земјите во регионот, си ја завршуваме својата работа, но имаме уште предизвици пред нас, без никаква дилема. И испорачуваме резултати. И посебно е тоа видливо по однос на резултатите од реформската агенда во последните неколку месеци. И мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија. Е сега, тоа и мораме и можеме да го гледаме низ два аспекта. Прво, ние имаме принципиелни позиции што сме ги претставиле и пред земјите членки и пред соседна Бугарија. Но, мораме да имаме активен дијалог со нашиот сосед, да зборуваме за она што нè загрижува и да зборуваме каков е патот кон решение. Пред неколку дена, видовте, имаше соопштение од нашите институции, се слушнав со новата министерка за надворешни работи, која има технички мандат, но сепак е министер за надворешни работи. Очекувам во следниот период да дискутираме, при прва можност да оствариме една средба, да дискутираме што е она што можеме да го направиме во следниот период во рамките на техничкиот мандат. И паралелно да бидеме максимално внимателни. Како што напомена Гордан, во Бугарија во моментот течат изборни дејствија. И сè што ние ќе кажеме, може многу лесно да стане дел од изборниот наратив во Бугарија. И сето тоа на крајот, да ги влоши нашите позиции при евентуални разговори со нашиот сосед, рече Муцунски на заедничката прес-конференција со Радман.

    Прочитај повеќе

    Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско

    10.06.2026 во 15:47

    Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

    10.06.2026 во 15:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.