Монах од Света Гора е првиот хоспитализиран од заразените до Делта сојот во Грција
Монах од Света Гора е првиот случај во Грција на хоспитализација на Интензивна нега на лице заразено со делта сојот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, 49-годишниот монах не бил вакциниран, а веќе е приклучен на апарати и е во сериозна состојба.
Досега, во Грција е регистриран вкупно 121 случај на делта сојот.
10.07.2021 - 15:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа