MНР со демант за ситуацијата со Теута Арифи: Предлог воопшто не е ни пратен

МНР доцна вечерва ја демантираше информацијата дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Македонија во Брисел. Оваа реакција доаѓа откако повеќе медиуми ја пренесоа информацијата дека предлогот на Владата за амбасадорка во ЕУ, во Брисел, да биде испратена Теута Арифи не го поминал филтерот на ЕУ.

„Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што  досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман  до Европската Унија,  затоа што се уште  нема усогласен предлог на државата за амбасадор“, се наведува во писмената реакција на МНР испратена доцна вечерва до медиумите.

 

29.04.2022 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега