Младиот македонски битбоксер загина во пожарот во Кочани
Мартин Атанасовски, попознат како Буцо Битбокс, е една од жртвите во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, кој цела Македонија ја зави во црно.
Тој беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со групата „ДНК“.
- „Буцо, брате!“, напиша музичарот Бојан Стојанов, познат како Бока Конга, споделувајќи фотографија со Буцо Битбокс.
Во пожарот загинаа 59 лица, а стотина се повредени.
17.03.2025 - 08:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа