Митрески: ВМРО-ДПМНЕ барем да се извини за хистеријата, Фронтекс е потпишан на македонски јази

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески во дебатната емисија „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ правеше хистерија, кога се гласаа заклучоците, дека македонскиот јазик е предаден, дека е западнобугарски дијалект, дека се случило предавство, дека некој нешто прифатил.
 
Единствената цел е создавање хистерија помеѓу граѓаните за мали евтини ситни политички поени, за да се крене и изманипулира јавноста истакна Митрески, нагласувајќи дека вчера со потпишувањето на договорот за Фронтекс, со изјавата на претседателката на ЕК сите тие лаги се демантирани.
 
Денес очекував дека опозицијата барем ќе се извини за тоа што кажуваа дека јазикот не е гарантиран, да каже дека тоа што го зборуваа во претходниот период не е точно, се потпиша договорот за Фронтекс на македонски јазик, прв по 2018 година, по четири години блокада од Бугарија заради користењето на терминот македонски јазик, нагласи Митрески, додавајќи дека договорот Фронтекс е преговаран од 2016 година.
 
Митрески додаде дека очекува за сите прашања, кога станува збор за стратешки цели, бидејќи сите партии, без оглед дали е мнозинство или опозиција, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, се определиле дека ќе работат заедно без да ги манипулираат и лажат граѓаните.
 
Проблемот со Бугарија е надминат со гласање на заклучоците и прифаќање на преговарачката рамка, со која јасно ставивме на знаење на целата македонска јавност дека македонскиот јазик ќе биде македонски јазик без фусноти, додавки, придавки, обележја ѕвездички.
 

 

Нашата иднина е европска и ние на тој пат треба да продолжиме, најлесно е да се прогласуваме за наводни предавници и наводни големи патриоти, што нема врска со реалноста, затоа што таа реторика се користи исклучиво за политички поени, не за нашата држава да продолжи по вистинскиот пат, тврдам дека ние како Македонци, со македонски идентитет кои зборуваат македонски јазик станавме членка на НАТО, и тврдам дека како Македонци, со македонски идентитет, македонска посебност, историја, јазик и култура ќе станеме членка на ЕУ, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.
27.10.2022 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега