Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае

    Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае

    30.10.2025 во 14:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што се обидуваше Стевче да протурка овде во Влае. Фирмата „Аполо Инженеринг“ преку процес на приватизација дооформиле парцела во Влае, во склоп на тоа и улица, каде претходно Стевчо Јакимовски уцртал маркица за зграда“, изјави Марија Митева од ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

    Во решението за приватизација пишува дека „Аполо Инженеринг“ доставиле два геодетски елаборати во пропратната документација за приватизација. Точниот датум кога се доставени елаборатите не е наведeн, но може да се види дека се изработени по донесување на Деталниот урбанистички план (ДУП). Едниот е изработен кон крајот на 2016 година, а другиот во 2017. Во оној од 2016 е наведено дека парцелите за кои се бара приватизација се дел од градежна парцела предвидена во планот, додека пак во оној од 2017 година се другите катастарски парцели кои ја сочинуваат градежната парцела.

    Една од парцелите за кои „Аполо Инженеринг“ побарале приватизација е дел од улицата Есперанто овде пред Кино Влае.

    За приватизацијата „Аполо Инженеринг“ платила само 285 денари за метар квадратен или нешто повеќе од 3.500 евра затоа што добила намалување на цената за 35%. Неколку месеци по приватизацијата компанијата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски кој е сопственик на „Аполо Инженеринг“. Во купопродажниот договор наведено е дека имотот е продаден за цена од 2.950.000 денари со вклучен ДДВ.

    ДУП-от за Влае иако беше укинат од Уставниот суд откако Стевче Јакимовски повторно дојде на местото градоначалник во 2021 година, тој го стави ДУП за Влае со две планирани висококатници повторно во процедура.

    Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

    Стевчо Јакимовски продолжува да ја турка бетонизацијата во Влае со сите сили. Затоа треба да се стави крај на ваквото делување, во недела на 2 ноември, со заокружување на бројот 9, за Сотир Лукровски, ијзави Митева.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.