Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Трамп застана на страната на Русија – го брани Путин
    • Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд
    • Се очекува температурата да падне до -40 степени – Градовите во оваа земја веќе се покриени со снег
    • Двајца мажи се борат за живот – со стапови брутално ги тепале по глава, хорор во соседството
    • Ден посветен на верата и покајанието: Се празнува Преподобна Пелагија, има неколку важни обичаи
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: Со ,,Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

    Митева: Со ,,Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

    03.12.2025 во 19:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, зборуваше на темата за имплементацијата на системот ,,Сејф сити“, кој во моментов е активен од 1 декември, а пробниот период за истиот ќе трае до 1 јануари, за што  како што вели таа, претходно Владата беше транспарентна и го најави истото.

    „Многу долго зборувавме за овој проект и многу долго го најавуваме, и мислам дека ги кажувавме сите предности од аспект на безбедност во сообраќајот и  помалку жртви. Можевме да видиме натписи од новинари, кои што споредуваа држави од Европа, кои што го имаат имплементирано, каде што немаат во 2025 година смртен случај“, рече Митева.

    Митева посочи дека Владата била транспарентна, однапред најавувајќи го пробниот период за ,,Сејф сити“, кој во моментов е активен  од почетокот на месецот до 1 јануари. Според неа, во Скопје веќе се гледа поинаков сообраќај.

    „Во делот на комуникацијата, се обидовме максимално да бидеме транспарентни и нагласивме многу претходно, дека практично ќе почне примената односно со тест период од 1 декември, кој што ќе трае до 1 јануари“, истакна Митева и додаде:

    „Целата комуникација, можеби се сведе на тоа дали треба 51 или 52. Верувам дека на секој еден новитет, кога се воспоставува ред едноставно е очекувано да имате бурни реакции. Но она што можеме да го забележиме изминативе денови, е поинаков сообраќај во главниот град. И се надевам дека со текот на времето тоа ќе стане наша навика, односно ќе стане наш принцип на раководење со моторно возило и тоа како се однесуваме во сообраќајот“.

    Митева додаде дека проектот е имплементиран за само година и неколку месеци.

    „За година и неколку месеци, доаѓаме до имплементација на проектот. Песимизмот не се решава со зборови. Ние можеме на граѓаните да им зборуваме се најдобро, но на крајот резултатите ги даваат делата кои што ги правите“, посочи Митева.

    Според неа, промените бараат време за граѓаните да ги почувствуваат, по години апатија и нефункционални институции. 

    „Јас знам дека ова е процес кој што подолго време ќе трае, јас знам дека на граѓаните подолго време ќе им треба да ја видат промената, да ја почувствуваат. Затоа што ние имавме многу долги, тешки години, на апатија на неработење, на лоши вести, на немање систем, на немање функционалност на институциите, на немање на добри проекти“, заклучи Митева.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус

    21.10.2026 во 09:54

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче

    21.10.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.