Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митески: Во Аеродром првпат градиме основно училиште, градинка и спортска сала истовремено

    Митески: Во Аеродром првпат градиме основно училиште, градинка и спортска сала истовремено

    28.10.2025 во 21:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на инфраструктурата и за прв пат во исто време во Аеродром во еден период градиме и основно училиште, детска градинка и спортска сала. Нешто што претходно не се случило во општина Аеродром, вели актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром, Дејан Митески.

    -Морам да напомнам во претходниот мандат, три години имавме централна власт од СДСМ, којашто ни беше апсолутен кочничар во реализација на голем број на проекти и четири години власт на Данела Арсовска во Градот Скопје, од каде добивме нула поддршка во реализација на клучни инфраструктурни проекти кои се во надлежност на градот , рече Митески во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител.

    И покрај овие блокади и несоработка, Митески потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше и почнаа да се реализираат многу инфраструктурни проекти, а многу и се завршија.

    Тој се осврна и за состојбата со која се соочува градот Скопје која ја предизвика Комунална хигиена со насобирањето на сметот.

    -За жал, сега пред избори, имавме криза со насобирање на отпадот од страна на Комунална хигиена којашто траеше повеќе од 10 дена во делот на Аеродром и повеќе од три недели во делот Лисиче, од каде што од индивидуалните домаќинства не се собираше отпадот. Комунална хигиена е единственото надлежно претпријатие којшто е должно да го транспортира ѓубрето, зошто ние како граѓани плаќаме кон нив. Јас бев првиот градоначалник и единствениот најверојатно, којшто поднесе кривична пријава против директорот на Комунална хигиена и денес ја гледам реакцијата на Обвинителството и на министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки се со цел спречување, понатамошно постапување, зошто одговорноста мора да има име и конечно во Македонија да сфатиме дека кога преземаме јавна функција, преземаме и одговорност да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните, за што сме платени од нив, истакна Митески. 

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.