Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 4,1 степен според Рихтер, ја погодија Србија во текот на ноќта. Потресите најсилно беа почувствувани во северниот дел на земјата, односно во Војводина, каде вознемирените граѓани сведочат за моменти на паника.
Епицентарот на првиот и најсилен потрес е регистриран околу 02:30 часот по полноќ во близина на Бездан, на длабочина од 15 километри. Само десет минути подоцна следувал нов потрес со магнитуда од 2,5 степени.
Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат искуства за тоа како го доживеале потресот:
- „Го почувствував. Како пет камиони да поминале покрај мојата куќа“, пишува еден корисник.
- „Во моментот на земјотресот, поминувал автомобил, мислев дека се удрил во куќата“, вели друг граѓанин.
- „Во Сомбор беше добро почувствуван. Краткотраен, но доволно за да ги разбуди луѓето“.
- „Чашата падна од масата“.
- „Војводина се тресеше“.
Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот се наоѓал во близина на Купушин и Колут. Иако потресите предизвикаа голема вознемиреност, во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата на теренот.


