Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори заедно со граѓаните за враќање на старата цена на струјата, со цел да престане кражбата на СДСМ

Република Македонија ја води класична мафија и протестите не се однесуваат само на поскапувањето на струјата, туку и за секојдневното мафијашко владеење, водење нечиста политика и понижување и крадење на граѓаните, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во Централниот дневник на Сител.

 

Вели дека СДСМ попусто манипулира со граѓаните и вели дека новата влада заслужува шанса, затоа што во новата влада има се, само не нови и чесни кадри како што тоа го претставуваат пред народот.

-Ниту Заев е нов, ниту Шекеринска е нова. Истите луѓе со променети позиции, но со иста цел, да крадат од народот па дури и со поскапување на струјата. Но, еве сме денес тука во огромен број. Ова е почетокот на крајот на Зоран Заев и оваа криминална банда на власт. Сега започнавме со протести за струјата, но нема да запреме тука. Ќе бидеме помеѓу народот, се додека Македонија не се ослободи од овие нечесни политичари. СДСМ како во минатото, така и сега директно се вплеткува во донесувањето на одлуки на судот, донесување одлуки на регулаторната комисија и се со една цел, да го задскријат криминалното работење, а истовремено народот да ја плаќа цената за нивните грешки. На сето тоа ќе мора да му дојде крајот и ние нема да се откажеме во таа намера, истакна Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2020 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега