Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милионска проневера во технички преглед и ЈПДП: ОЈО ГОКК отвори истрага за шест лица и побара притвор

    Милионска проневера во технички преглед и ЈПДП: ОЈО ГОКК отвори истрага за шест лица и побара притвор

    04.09.2026 во 14:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од ОЈО ГОКК, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест физички и две правни лица.

    „Со истрагата е опфатен сопственик и управител на кривично одговорно правно лице од село Кучевиште, кој воедно бил и неизвршен член на Одборот на директори во кривично одговорното осигурително брокерско друштво, за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела „Проневера во службата“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. За помагање при извршувањето на истите кривични дела осомничени се двајца извршни членови на Одборот на директори во осигурителното брокерско друштво и овластен сметководител и управител на друштво за книговодствени услуги и консалтинг. Раководителот на станицата за технички преглед и помошник-директорката за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта се осомничени за помагање при извршувањето на „Проневера во службата“. Со Наредбата се опфатени и две правни лица осомничени за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

    Според доказите обезбедени до овој момент, во периодот од 1 јануари 2021 до 20 јануари 2026 година, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил 138.877.419 денари, додека останатите осомничени со умисла му помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.

    Како управител на правното лице со дејност вршење технички преглед на возила, првоосомничениот изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до повеќе надлежни институции и општини, како и невистинити уплатници за надоместок за јавни патишта. Раководителот на станицата за технички преглед, како овластено лице, изготвувал и потпишувал фактури и доставувал извештаи со невистинити податоци за наплатените надоместоци.

    Со цел прикривање на паричните средства, наплатените надоместоци биле уплаќани на сметки на осигурително брокерско друштво. Извршните членови на Одборот на директори знаеле или требало да знаат дека дел од приходите потекнуваат од наплата на надоместоци, а не од дејноста на осигурување. Заедно со неизвршниот член на Одборот на директори, средствата ги префрлале меѓу сметките на правните лица и ги мешале со приходите од редовното работење, а дел бил употребен и за купување недвижности во корист на правното лице.

    Осомничениот сметководител евидентирал невистинити податоци во сметководствената документација и поднесувал даночни пријави и годишни сметки кои не ја прикажувале реалната финансиска состојба на кривично одговорното правно лице.

    Помошник-директорката за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта, иако била должна да ја следи наплатата на надоместоците и да ги проверува доставените извештаи, свесно не ги презела потребните дејствија. Дополнително, го известувала осомничениот раководител на станицата за технички преглед за износите наплатени на сметката на ЈПДП, наместо правното лице да доставува месечни извештаи до претпријатието.

    Со дејствијата што се предмет на истрагата е прибавена противправна имотна корист од 138.877.419 денари, односно околу 2,26 милиони евра, на штета на повеќе институции и општини.

    Ценејќи дека се исполнети законските услови и со цел обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени и мерки на претпазливост за еден осомничен“, соопштија од ОЈО.

    Прочитај повеќе

    Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром

    06.10.2026 во 14:31

    Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот

    06.10.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.