Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: За Дејвид Гета и сите настани потрошивме 0 денари

    Мицкоски: За Дејвид Гета и сите настани потрошивме 0 денари

    09.09.2026 во 14:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Македонија имала „историско лето за паметење“ со настапи на голем број светски и домашни музички ѕвезди во повеќе градови низ државата, а тврди дека за организацијата на овие настани не биле потрошени буџетски средства.

    Тој ги посочи настапите во Битола, Струмица и Скопје, караванот „Силно светнал ден“, концертот на Хосе Карерас, како и синоќешниот настап на Дејвид Гета на Градскиот стадион, на кој, според Мицкоски, присуствувале околу 50 илјади луѓе.

    „Покажавме дека како држава знаеме, можеме и умееме да направиме светско, а тоа да се случува тука во Македонија“, рече Мицкоски, заблагодарувајќи им се на граѓаните и на сите што учествувале во организацијата.

    Премиерот се осврна и на критиките и шпекулациите за тоа колку чинеле концертите и останатите манифестации.

    „Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа и пласираа лажни информации. Буџетот сите овие настани го чинат нула денари. Слободно можете да проверите во ‘Отворени финансии’“, изјави Мицкоски.

    Според него, сите настани биле организирани со поддршка на општествено одговорни компании, без трошење државни пари.

    „Потрошени се нула денари буџетски средства за организација на сите овие настани, а сепак имавме незаборавно лето“, додаде премиерот.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.