Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за Алта банка: Паднаа во вода шпекулациите на опозицијата

    21.11.2026 во 14:39

    ФОТО: Ова е местото каде полицијата го пронајде телото на 38-годишниот Един

    21.11.2026 во 14:25

    Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

    21.11.2026 во 13:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за Алта банка: Паднаа во вода шпекулациите на опозицијата
    • ФОТО: Ова е местото каде полицијата го пронајде телото на 38-годишниот Един
    • Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?
    • Мицкоски: Реалната нето плата порасна за 5,2% за една година
    • Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана
    • Семејствата на загинатите од „Пулс“: Со над 200 предложени сведоци се одолговлекува судењето
    • Ново мафијашко убиство во Црна Гора: Убиен е Милош Ѓуричковиќ од Шкалјарскиот клан
    • Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за Алта банка: Паднаа во вода шпекулациите на опозицијата

    Мицкоски за Алта банка: Паднаа во вода шпекулациите на опозицијата

    21.11.2026 во 14:394 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во врска со Алта банка рече дека иако се соочиле со проблем којшто бил увезен, благодарение на мерките на Народна банка и процесите што следеле, ќе се одржи јавна аукција на 30-ти овој месец. Тој, одговарајќи на новинарски прашања, изрази уверување дека целиот процес ќе заврши успешно, а во однос на коментарите на опозицијата во врска со случајот, рече дека „сето она што како шпекулација и невистина го испраќаа во форма на порака изминатиот период, падна во вода“. 

    -Уште на самиот почеток се соочивме со еден проблем којшто е увезен, односно е последица на случувањата кај нашиот северен сосед. Благодарение на навремените мерки коишто ги презема регулаторот, Народната банка, и процесите коишто потоа следеа, имаме закажана јавна аукција на 30-ти овој месец. Веќе имаме домашен правен субјект, финансиска институција, тоа е „Комерцијална банка“, којашто се пријави и веќе ценовно чувствителната информација е објавена на Македонската берза, којашто сака да ги откупи акциите од оваа банка и да стане сопственик Така што, да почекаме процесот да заврши за да можеме да коментираме дополнително. Јас сум убеден дека овој процес ќе заврши успешно – рече Мицкоски во изјава за медиуми при посетата на Делчево.

    Премиерот посочи дека ако се направи споредба на овој случај со „Еуростандард банка“, имаме ситуација кога тогашен министер за финансии неколку дена пред да колабира „Еуростандард банка“ си го повлече својот депозит и таа банка отиде во стечај.

    -Повторно мораме да споредуваме, затоа што ако не споредуваме, нема да знаеме дали сме на добриот или на лошиот пат. Ако го споредиме овој случај со Еуростандард банка, тогаш ќе дојдеме до следниот заклучок: ако го анализирате портфолиото на Еуростандард банка и се вратите, да речеме, во 2016, 2017-та година, ќе видите кои правни субјекти од еден град во југоисточна Македонија се корисници на кредити од таа банка и со кои политичари, сегашни и поранешни од опозицијата, тие правни субјекти се поврзани. Ќе дојдете исто така до еден заклучок дека поранешниот министер за финансии неколку дена пред да колабира Еуростандард банката си го повлече својот депозит. И нормално, таа банка пропадна, отиде во стечај – рече Мицкоски.

    Тој истакна дека за разлика од Алта банка и Еуростандард случајот, како што рече, „денеска имаме банка којашто Владата заедно со Народна банка се бореше да ја спаси и најверојатно успеваме да ја спасиме и ќе ја спасиме“.

    -Тоа е разликата помеѓу овие коишто седум години ја ограбуваа, уништуваа, пустошеа Македонија и ние коишто се обидуваме тоа што тие го уништија, колку-толку во овој период од овие нецели две и пол години, да го повратиме. Ќе повторам, понекогаш сме успешни, понекогаш сме помалку успешни, има уште многу да се работи. Тука сме, мотивирани сме, ќе работиме, но вистинското прашање е кога беше подобро: дали денес или пред три години кога овие истите ја уништуваа Македонија? Јас сум убеден дека денеска е многу подобро отколку пред три години кога луѓето од СДСМ и ДУИ ја водеа Владата во Македонија – истакна Мицкоски.

    Во однос на продолжението на Надзорната расправа во Собранието во врска со Алта банка, Мицкоски рече дека уште на првиот ден од неговото сведочење, паднале во вода сите конструкции и невистини коишто опозициската СДСМ и раководството ги кажувале во деновите претходно.

    -Уште во првиот ден при моето сведочење паднаа во вода сите оние конструкции и невистини коишто опозициската СДСМ и раководството ги кажуваа деновите претходно. Се виде дека на владина седница уште во 2023 година, предводена од тогашниот претседател на Владата и претседател на СДСМ, а на предлог на министерот за финансии којшто тогаш бил од редовите на ДУИ, имаме деловни односи помеѓу македонската Влада и Алта банка. Така што, сето она коешто тие како шпекулација и невистина го испраќаа во форма на порака изминатиот период падна во вода. Претпоставувам сега ова ќе биде некое продолжение на тоа што тие го побараа, а беа апсолутно поразени уште при првиот ден на таа јавна расправа – рече Мицкоски. 

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ова е местото каде полицијата го пронајде телото на 38-годишниот Един

    21.11.2026 во 14:25

    Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

    21.11.2026 во 13:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.