Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември
    • Дизелот под поголем притисок од суровата нафта, ризик од ново поскапување и во Македонија
    • Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот 

    Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот 

    10.10.2025 во 18:054 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање од народниот митинг одржан во општина Дојран, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Тој зборуваше за како што вели, полуформалната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица за претстојните локални избори, тоа е истата таа коалиција од претходната власт која не остави никаков печат, освен грабеж и опустошување на државата.

    ,,На овие избори имаме две опции. Трета опција нема. Едната опција е една, полуформална, на моменти неформална, а по својата длабока суштина, многу формална  коалиција, во која што членуваат политички партии кои што се здружиле поради две основни цели“, рече Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека она што ја обединува желбата за власт кај оваа коалиција за претстојните локални избори е желбата за власт, по секоја цена, па дури и по цена на погазување на сопствените принципи, а како што вели тој, ја обединува и заедничката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.

    ,,Првата е власта и желбата за власт. А, втората  е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ и политичката партија Левица. Се осојузиле Венко, Али и Димче затоа што власта им е помила од се во животот, па дури и од сопствените принципи, но и патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ е толку силна што успеа да ги премости сите нивни разлики, и политички и лични, само за да се обединат и да се обидат на овие избори да направат некаков резултат. Тоа е првата опција“, истакна Мицкоски.

    Како што вели Мицкоски, претходната власт, која коалицира повторно за овие локални избори, освен што ја опустоши и ограби државата, ја распродаде и потпишуваше секакви договори, не оставија никаков друг печат.

    ,,Втората опција е коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе ги анализирате овие две опции, тогаш ќе дојдете до неколку заклучоци. Првиот заклучок е дека, оваа прва опција, оваа коалиција помеѓу Венко, Али и Димче, покрај тоа што се обединиле со една цел, а тоа е власт. Тие практично со својата порака на овие избори, а тоа е, ,,Се бориме за нашиот дом“, јасно не потсетуваат дека имаа 7 години влада во Македонија, 7 години можност, да се борат за нашиот  заеднички дом, нашата татковина Македонија. А, освен тоа што направија голем пустош, ја ограбија практично Македонија, ги опљачкаа граѓаните во Македонија, ја распродадоа Македонија, потпишуваа секакви договори, друг спомен, друга меморија од тие 7 години буквално никој не може да се сети“, вели Мицкоски.

    Мицкоски потсети и на говорот на еден од претходните претседатели на СДСМ од собраниската говорница, што посочува како СДСМ коалицира  со Левица одамна, и ова нема да им биде прв пат. Според него, ова е коалиција што државата ја враќа назад во времето.

    ,,Ќе ве потсетам на она излагање на тогашниот претседател на СДСМ, и тогашен претседател на владата, Зоран Заев, во македонското Собрание, кога му се обраќаше на тогаш пратеникот и претседател на Левица, Димче Апасиев и кога му рече: ,,Нели се договоривме јас и ти пред изборите, јас да ти обезбедам ресурси, а ти да работиш против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, и ако освоиш пратеник, после изборите да коалицираме, и на тој начин да ја спасиме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?“. тоа го кажуваше тогашниот претседател на Владата, кон својот сокриен коалиционен партнер, Димче Апасиев, пратеник во македонското Собрание и претседател на политичката партија Левица“, кажа Мицкоски и додаде:

    ,,Затоа денес, било кој, ако има било каква дилема, дали оваа тројна оска функционира, не треба да има. Делата сами говорат, делата сами ни го оцртуваат патот по кој што тие би не воделе. Со еден збор, тоа е коалиција која што не враќа назад во времето. Времето на грабежот, времето на националните понижувања, времето на предавствата, времето кога граѓаните чувствуваа длабока болка, затоа што сите одеа напред, а ние не само што стагниравме, туку на моменти и се враќавме назад“.

    Прочитај повеќе

    Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

    07.10.2026 во 12:58

    Од каде му се 335.000 евра на Груби за да плати за пасошот?

    07.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.