Мицкоски: Струјата ќе поскапи за 15%

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинарите рече дека стравува оти на 1 јули струјата ќе поскапи за 15%.

Според него, главна причина за тоа е лошото менаџирање со енергетските ресурси и долговите во кои е заглавена државната ЕСМ. Мицкоски вели дека во таков случај ЕСМ ќе ја зголеми цената на струјата која му ја продава на ЕВН бидејќи во спротивно компанијата ќе се движи кон банкрот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи минатата недела рече Владата ќе препорача да нема зголемување на цената на струјата, но оти таа не може да донесе таква одлука.

– За зголемување на цената на струјата би требало да оставиме на Регулаторната комисија за енергетика. Ние како Влада работиме, слушаме и ги следиме состојбите и ќе препорачаме да нема зголемување на цената на електричната енергија, но не можеме да одлучиме. Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената. Но, ќе работиме на подобрување на состојбите во енергетиката, на вложувањето во обновливи извори на енергија, во живеење зелено. Секако, живеењето зелено значи дека еден ден ќе мора да платиме повеќе, но јас како граѓанин сум подготвен да платам повеќе кога се работи за здравјето на мојот син, истакна Битиќи.

07.06.2021 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега