Мицкоски се сретна со Сарацин и Холштајни: „Имаме кризи поради неспособноста на власта“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски оствари средба со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Сојузната Влада на Република Германија за земјите од Западен Балкан и амбасадорката на Република Германија, Анке Холштајн.

„На средба се разговараше за актуелната политичка, економска и енергетска состојба, како и за евроинтеграцискиот процес на земјата во Европската Унија“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека државата се соочува со економска и енергетска криза како резултат на неспособноста и незаинтересираноста од страна на власт, но и на немањето на слух за прифаќање на предлог мерките од страна на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на лошата состојба во која се наоѓаат граѓаните и државата.

Во однос на евроинтеграцискиот процес и започнување на преговорите со Европската Унија, Мицкоски го афирмираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека државата мора да започне преговори час поскоро. Но, поради високиот степен на криминал и корупција од страна на власта и немањето реформи државата се уште не е дел од европското семејство“, велат од партијата.
Соговорниците се согласиле за унапредување и интензивирање на соработката, а претседателот Мицкоски се заблагодарил за поддршката од страна на Сојузна Република Германија.

26.10.2022 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега