Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Работата ќе биде завршена уште во прв круг

    Мицкоски: Работата ќе биде завршена уште во прв круг

    17.10.2025 во 18:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на предизборен митинг во Дебрца порача дека од тоа што се гледа на терен е јасно дека „работата ќе биде завршена уште во прв круг“ и дека Златко Сиљаноски ќе биде новиот градоначалник на оваа општина.

    Тој повика што е можно помасовно излегување на гласање на овие локални избори и поддршка за бројот 9. Повтори дека ова кампања понуди имаа две групи, како што рече „едната е групата којашто е неформална коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица која на овие избори излегува, исклучиво, со црна кампања од прв ден се до денес“.

    -Кампања на лаги, на клевети, кампања во која се обидуваат повторно да ги навредат граѓаните, нивната интелигенција и играат на картата на кратко помнење, небаре сите ние сме заборавиле дека до пред само година и половина влада во Македонија беше коалицијата СДСМ и ДУИ. Небаре граѓаните не разбираат за сето тоа коешто тие го работеа тие и како да заборавија на сите нивни скандали кои тогаш ни се случуваа, рече Мицкоски, додавајќи дека со тоа „само ја промашија кампањата и политичките пораки, слушнавме се само не какви проекти нудат“.

    Овие од ДУИ, додаде Мицкоски, „покажаа дека можеби сум им идол, па половина од кампањата немаше митинг Али Ахмети да не излезе и да не го спомне моето име“.

    Во однос на Левица, Мицкоски посочи дека „тие малку беа збунети, бидејќи сега бараат нов стопан, а претходно им беше Зоран Заев“.

    -Бидејќи нивната карактерна особина им е таква, или на социјалните медиуми каде што се присутни да лажат, да креираат материјали, да вадат од контекст, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква симпатија. Или, пак, сега да одработуваат, во случајот за Али Ахмети и ДУИ, додаде Мицкоски.

    Според него, Левица одлучила да не кандидираат кандидати за градоначалници во родниот град на претседателот на партијата, Велес и Штип, „но извадија во Тетово, Гостивар и Струга“.

    -И нивните кандидати за градоначалници, па и самото раководство на партијата, нема да го слушнете да каже ниту еден лош збор, да речеме за Рамиз Мерко. Тој е добар. Нема ниту еден статус, ниту еден лош збор нема да слушнете за, на пример, кандидатот на ДУИ и Алијанса на Албанците во Струга. Нема лош збор, тој е идеален. Или, пак, за актуелниот градоначалник во Гостивар, којшто е наследник на Арбен Таравари и поддржан од Али Ахмети, посочи Мицкоски. 

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.