Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 19-годишен скопјанец осомничен за вонбрачен живот со 16-годишна девојка – полицијата ги пронашла во Струга
    • Му исчезнале речиси 140.000 денари од сметката – тетовец останал во шок кога проверил колку пари има на сметка
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд
    • Полицијата на нозе: Исчезна 14-годишно девојче од Тетово
    • Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот
    • Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм
    • „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
    • Убиство во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош

    Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош

    06.10.2026 во 13:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност биле откриени при проверките што ги спроведува Владата, тврди премиерот Христијан Мицкоски.

    Според него, меѓу лицата за кои државата исплаќала средства имало починати, иселени и фиктивни корисници.

    „До овој момент имаме повеќе од 4,5 илјади, значи не 45, не 450, туку 4,5 илјади лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност“, рече Мицкоски.

    Тој тврди дека по извршените проверки, исплатата за овој месец е за околу 200 милиони денари помала во споредба со истиот месец минатата година.

    „Како е тоа возможно? Возможно е затоа што корисници биле, за жал, починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе и така натаму“, изјави премиерот.

    Според неговата проценка, на годишно ниво од буџетот се трошеле меѓу една и една и пол милијарда денари за вакви исплати.

    Мицкоски посочи дека проверката сè уште не е целосно завршена и дека останува да се проверат уште околу една петтина до една шестина од корисниците.

    Тој најави дека контролите ќе продолжат и во други сектори, меѓу кои и здравството.

    Премиерот оцени дека финансискиот ефект од ваквите проверки може да достигне околу 25 милиони евра годишно.

    Прочитај повеќе

    19-годишен скопјанец осомничен за вонбрачен живот со 16-годишна девојка – полицијата ги пронашла во Струга

    27.10.2026 во 12:55

    Му исчезнале речиси 140.000 денари од сметката – тетовец останал во шок кога проверил колку пари има на сметка

    27.10.2026 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.