Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е планот за набавка на најавените нови еколошки автобуси, изјави:
„Па ние на владина седница донесовме одлука, во рамките на „Влада со Влада“ договорот којшто го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит, под оние исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, односно 3 години грејс период, дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка. Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100, со 50 полначи, а останатите општини коишто имаат организиран градски превоз, побараа, мислам дека побараа 89, а ќе добијат 50, со 25 полначи.“
Актуелно
- Хоџа-Дрекслер: Поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем
- Голем економски пресврт во Кавадарци: ФЕНИ се рестартира, 670 работници се враќаат на работа
- СДСМ поднесе закон за минималец од 600 евра: Време е за достоинствена плата за работниците
- Наставниците со повисоки плати од април: Јаневска потврди зголемување од 7,5 проценти
- Новинарка од Тетово кривично осудена бидејќи спомнала име на судија
- По македонските, и српските камионџии ги тргнаа блокадите, сообраќајот од 15 часот се нормализира
- Мицкоски оптимист: Решението за транспортерите се наѕира, очекувам следниот месец работата да биде завршена
- Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

