Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека наставниците ќе добијат покачување на платите согласно четиригодишниот договор со СОНК. Првиот бран на зголемување граѓаните ќе го почувствуваат веќе со исплатата на мартовската плата.

„Така како што сме се договориле, наставниците ќе добиваат зголемување на платата во сите четири години. Мартовската плата, која се исплаќа во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти“, изјави Јаневска.

Покрај платите, министерката најави дека од понеделник на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) ќе бидат поставени три клучни закони кои треба да го трансформираат високото образование и научноистражувачката дејност во државата.

Exit mobile version