Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги потпиша указите за сетот закони од судството, игнорирајќи ги жестоките критики од Европската комисија. Иако Брисел ги оквалификува овие промени како „директно поткопување на независноста на судството“, законите веќе стапија во сила.

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, упати остра порака до Белград, нагласувајќи дека ваквиот потег е спротивен на европските вредности.

„Очекуваме земја кандидат да се однесува на европски начин. Ова е сериозен чекор назад, бидејќи измените беа усвоени на брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации“, изјави комесарката Кос.

Комисијата побара од Србија во најкраток рок да ги ревидира законите и да ги усогласи со европските стандарди, пред да настане трајна штета во преговарачкиот процес.

Exit mobile version