Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сподели убава вест на својот профил на Фејсбук.

-Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, напиша тој.

 Додава дека развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт.

-Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри, вели Николоски во постот.

Exit mobile version