Автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил запален во текот на ноќта, пренесува „Скопје1“.

Според нашите информации, ова се случило околу 3 часот по полноќ, а постои и снимка од подметнувањето на пожарот.

Неофицијално, сигурносни камери го забележале маскираното лице кое истурило течност на возилото, по што се запалило. Ова го забележале сопствениците на возилото.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид направила полицијата.

Exit mobile version