Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти – Македонија е втора во регионот

    Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти – Македонија е втора во регионот

    16.08.2026 во 13:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

    Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, Мицкоски оцени дека ова се податоци кои ја покажуваат суштинската разлика во економските резултати меѓу актуелната и претходната власт на СДСМ и ДУИ.

    Споредено со просекот на Европската Унија, кој во моментов се движи меѓу 2,9% и 3%, Мицкоски нагласи дека домашната инфлација е речиси двојно пониска.

    – Европската Унија е нашиот најголем трговски партнер. И се сеќавате, во онаа влада во 2022 година, владата на СДСМ и ДУИ, кога имавме двоцифрена инфлација којашто на моменти стигаше и до 20%, нè убедуваа дека било увезена. А тогаш просекот во ЕУ беше двапати помал од инфлацијата кај нас. Сега кај нас е двапати помал од просекот во Европа – истакна Мицкоски.

    При споредба на сите 12 земји од регионот – Словенија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, Србија, Романија, Бугарија, Грција, Турција и Македонија, Мицкоски посочи дека во јули 2022 година сме биле деветти и само три земји – Турција, Романија и Бугарија биле зад нас, сега сме втори и речиси сите земји од регионот се зад нас.

    ​-Ако тогаш сме биле деветти, сега сме втори. Тоа е разликата меѓу оваа Влада и таа влада. Тогаш во јули  инфлацијата била над 14%, мислам 14,7%, така нешто, сега е 2,3%. ​Таа е разликата меѓу оваа Влада и податоците, кога станува збор за инфлацијата, и таа влада којашто тогаш функционирала, а двете функционираат во исто  предизвикувачко време од аспект на енергетска криза. Тогаш се случува војната во Украина, сега се случува војната во Заливот, односно војната во Иран. Според сите светски аналитичари, оваа војна има далеку подевастирачки последици од таа војна којашто тогаш се случи по светската економија и енергетиката – изјави Мицкоски.

    ​Не можеме на чувство да водиме политика, нагласи Мицкоски, посочувајќи дека кога водите политика, мора да правите компарација со нешто, а „ние правиме компарација со таа влада којашто сме ја победиле на избори, со претходната влада“.

    -Така што, разликата е 7 спрема 1; 6 спрема 1; 8 спрема 1 — тоа е разликата. Ние правиме компарација со таа влада којашто сме ја победиле на избори, со претходната влада, да видиме дали сме подобри. И кога ќе ги направите овие споредби, ќе видите дека станува збор најмалку 3 спрема 1, а некогаш 7 спрема 1 подобар резултат. Тоа е разликата – изјави Мицкоски

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.