Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани

    07.04.2026 во 23:41

    Падна првото селфи од вселената

    07.04.2026 во 23:26

    Ултиматумот под притисок: Пакистан бара од Трамп уште 14 дена за Иран

    07.04.2026 во 22:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани
    • Падна првото селфи од вселената
    • Ултиматумот под притисок: Пакистан бара од Трамп уште 14 дена за Иран
    • Вреди: Легитимни прашања бараат институционално решение, a не политичка инструментализација
    • Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
    • Хаос во Франција: Речиси секоја трета бензинска пумпа е затворена поради недостиг на гориво
    • Вечерва замина фудбалска легенда
    • Мистерија во Вашингтон: Само Доналд Трамп ја знае судбината на иранскиот договор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина

    Мицкоски: Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина

    30.09.2025 во 22:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен во рамки на кампањата за локалните избори која е со слоганот „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ укажа дека овие избори имаат поинаква тежина.

    „Ова не се избори само за улицата, патчето, туку и за тоа каква порака ќе испратиме до оние кои се наши конкуренти. А кај нив нема апсолутно ништо ново. Заглавени се со тендерите, со желбата, не преку програма, туку ако може со некоја интрига да дојдат до фотелја, до власт.

    Мицкоски укажа дека „СДСМ секогаш кога доаѓала на власт тоа било со некоја интрига и некоја подземна шема“.

    „Денес сакаат пак така да го излажат народот ако може некако да се доберат до парче власт. А најсмешен е нивниот лидер кога така лаконски и лесно ќе каже еве ВМРО-ДПМНЕ од последните избори загубило 100 илјада од минатите избори. А веднаш потоа кога ќе го прашаат, добро дали ќе се повлечете ако загубите на локалните избори, одговорот претпоставувате му е дека нема да се повлече“, кажа Мицкоски.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека со ова Венко признава дека ќе ги загуби изборите.

    „Таму борбата не е да победат, туку Филипче да ја задржи фотелјата во СДСМ. Нека не се препелка, затоа што народот одлучува никој друг. Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина. Уморна е од сојузите кои одат на грбот на напатениот народ, од интригите на Венко, Али, Димче. Тоа е коалиција за пари, а на Македонија и треба коалиција за работа и иднина“, изјави Мицкоски.

    Мицкоски заклучи дека од една страна е оваа коалиција за пари, коалицијата на Филипче, Апасиев и Ахмети, а оти од друга страна е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.

    Популарно

    ВИДЕО: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани

    07.04.2026 во 23:41

    Падна првото селфи од вселената

    07.04.2026 во 23:26

    Ултиматумот под притисок: Пакистан бара од Трамп уште 14 дена за Иран

    07.04.2026 во 22:58

    Вреди: Легитимни прашања бараат институционално решение, a не политичка инструментализација

    07.04.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.