Маричиќ: Топката е на бугарската половина – тоа е ставот на Владата

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ информираше за последните случувања во однос на ситуацијата Скопје-Софија. „Топката е на бугарската половина – тоа е ставот на Владата“, изјави Маричиќ во вечерашното гостување на ТВ Алсат.

Интензивно се разговара со бугарската влада во текот на стоте дена влада, додава Маричиќ.

„Сакавме да има разноликост во темите, за да можеме нашите односи да не се базираат само врз историските прашања. Мислам дека имавме успешен процес кој ја промени енергијата. Сепак тоа што се случи во Битола не го помага процесот, но ние не се откажуваме. Вложивме многу труд. Одевме на тенка линија меѓу баланс на заштита на обележјата на Македонија и интересот да ги почнеме преговорите. Се уште нема решение, инаку би знаела јавноста. Има напредна фаза во преговорите“, рече Маричиќ во емисијата „360 степени“ на Алсат.

29.04.2022 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега