Маричиќ кажа кога би требало да се спроведе внесувањето на Бугарите во Уставот

Немаме проблем која било заедница да ја внесеме во Уставот, но барањето на бугарската страна за внесување на Бугарите не би требало да е предуслов за почеток на преговорите со ЕУ, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

„Ние јасно кажавме дека немаме проблем било која заедница да биде вградена во Уставот бидејќи веќе имаме повеќе заедници, таков е нашиот концепт. Меѓутоа, сметаме дека пред почетокот на преговорите тоа не е ниту корисно ниту возможно. Остануваме на ставот дека тој процес треба да се заврши до нашето членство во ЕУ“, вели Маричиќ.

29.04.2022 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега