Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

    Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

    19.12.2025 во 12:28Updated:19.12.2025 во 12:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот во сенка Заев, му ги напиша и состави новите членови на раководството на неговиот чувар на фотелјата Филипче, кој без двоумење ги изгласа со две раце, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Еден од така наречените нови лица е Јована Тренчевска, кадар на Заев од Струмица, истакна Манасиевски.

    „Подемите во политичката кариера Тренчевска ги добива токму од Зоран Заев. Таа станува државен секретар во Министерството за труд и социјална политика токму во времето кога Зоран Заев е премиер. Потоа станува и директор во неговата влада на Инспекторатот за труд, како и министер за труд и социјална политика, секако неуспешен.

    Јована Тренчевска, граѓаните ја паметат по рекордните зголемувања на пензиите од 180 денари годишно. Јавноста ја памети Тренчевска по тоа што на работа го врати Александар Филев – трговец со дрога во Радовиш како директор на социјалното. Пензионерите ја паметат кога им велеше дека супер им било да живеат со 25.000 денари месечни примања, кога инфлацијата беше вивната до небото. Синдикалците ја паметат по тоа што местеше претседатели на синдикатите, по насока на нејзиниот лидер. Ја паметат и по кочењето на 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во Бутел и во Куманово“, посочи Манасиевски.

    Манасиевски нагласи дека Тренчевска минатата година по изборниот пораз на парламентарните избори си даде оставка од претседател на форумот на жени, каде што рече дека местото го остава на нови, поквалитетни и лица неизвалкани од минатото. Тренчевска изгледа има заборавено на ова што го има кажано, и по само една година за да му удоволи на Заев, стана потпретседател на Филипче.

    „Со ваквите кадри СДС тоне и оди во стечај. Народот не им верува“, потенцираше Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.