Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ свесно манипулира и креира хистерија

    12.11.2026 во 13:08

    Утре ќе нема струја до 16:30 – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    12.11.2026 во 13:00

    Прегазен 31-годишен пешак на улица во Тетово

    12.11.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ свесно манипулира и креира хистерија
    • Утре ќе нема струја до 16:30 – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Прегазен 31-годишен пешак на улица во Тетово
    • Со возила им го блокирале патот, па брутално ги претепале – Крвав инцидент кај Гостивар
    • Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка
    • Димитријевиќ: СДСМ поднесе пријава против Славески за Алта банка, институциите мора да постапат
    • Силен ветер со брзина над 80 км/ч ќе ја зафати Македонија: УХМР најави и пад на температурите
    • Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста за Алта банка и манипулира со документи наместо да даде одговори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ свесно манипулира и креира хистерија

    Манасиевски: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ свесно манипулира и креира хистерија

    12.11.2026 во 13:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција истакна дека тврдењата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, огласени во врска со Алта банка, се целосна невистина, додавајќи дека банката немала никаква забрана за работа во Европската Унија и не можела да биде спречена да влезе во Македонија.

    Според Манасиевски, премиерот Мицкоски вчера обелоденел извадок од Нацрт-записник од 194. седница на владата од 24 октомври 2023 година, кога претседател на Владата бил Димитар Ковачевски, а тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрение Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка со истиот сопственик, Давор Мацура.

    Манасиевски отфрли какви било наводи дека Алта банка и нејзиниот сопственик биле санкционирани од Европската централна банка, истакнувајќи дека до самиот чин на нејзино затворање таа поседувала 9,63 отсто од акциите на Адико банка од Виена, удел кој сè уште е во нејзина сопственост.

    Тој потсети и на подоцнежниот договор склучен со Рајфајзен банка од Виена за купопродажба на филијали, нагласувајќи дека македонските институции немале правна основа да го спречат влезот на банката.

    „Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност. Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче“, порача Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка

    12.11.2026 во 12:10

    Димитријевиќ: СДСМ поднесе пријава против Славески за Алта банка, институциите мора да постапат

    12.11.2026 во 12:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.