Двајца жители на Гостивар биле физички нападнати од повеќе лица на локалниот пат меѓу гостиварските села Чајле и Балиндол.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 8 ноември околу 3 часот по полноќ.
Во тој момент, напаѓачите со патнички возила им го попречиле патот на 23-годишниот Џ.Ј. и 25-годишниот А.З., ги запреле, а потоа и физички ги нападнале.
Во нападот двајцата гостиварчани се здобиле со телесни повреди, кои им биле лекарски констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

