31-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило на улицата „29 Ноември“ во Тетово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 17:50 часот, кога патничко возило „фиат пунто“, управувано од 69-годишниот З.У., удрило во пешакот П.З., при што двајцата учесници се од Тетово.
По несреќата, повредениот пешак веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

