Малолетник тешко повреден откако паднал од велосипед

 

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од својот велосипед, информира МВР.

-Вчера во 16:20 часот било пријавено дека 13-годишник од Прилеп заедно со уште двајца другари додека со велосипеди се возеле на место викано Топташ, изгубил контрола над велосипедот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од Полициската станица Прилеп - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега