Мал авион се сруши кај островот Самос

Мал авион се сруши денеска во морето близу грчкиот остров Самос, соопштија грчите власти не давајќи повеќе детали за инцидентот.

Грчката државна телевизија ЕРТ извести дека малиот авион, едномоторна Цесна, во која имало две лица, паднал во близина на аеродромот на Самос.

-Ги најдовме остатоците од авионот во море една милја јужно од аеродромот, изјави претставник на крајбрежната служба за британската агенција Ројтерс.

 

13.09.2021 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега